Достапни линкови

Во експлозиите во Анкара 30 загинати,120 ранети


Најмалку 30 лица загинаа и 126 се повредени во денешните експлозии во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Претставници на турската Влада експлозиите ги оценија како терористички акт.

Истражен тим смета дека за експлозиите, кои се случија утрово околу 10 часот во центарот на Анкара, одговорен е бомбаш-самоубиец.

Премиерот Ахмет Давутоглу закажа вонреден состанок, кој почна во 12 часот по локално време. На состанокот присуствуваат претставници од министерството за правда и внатрешни работи, шефот на турската полиција, шефот на разузнавачката служба и гувернерот на Анкара Мехмет Киличлар.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.

- Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на дмеократијата, истакна Јагланд.

XS
SM
MD
LG