Достапни линкови

Уште еден рок за изборните закони


Политичките партии и вчера не постигнаа напредок околу прашањата поврзани со изборните закони. По средбите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте со претставници на политичките партии меѓу кои и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев немало приближување на ставовите. Поради тоа Ван Хојте им дал уште еден ден рок да изнајдат напори и конечно са се постигне договор.

Според неофицијалните најави утре новиот изборен закон прочистен од забелешките на политичките партии,а подготвен од експерти од ЕУ ќе се најде на маса на работните групи. Тие ќе треба да го дадат последниот збор по што би требало тој да биде одобрен од политичките партии потписнички на договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG