Достапни линкови

Талибанците освоиле делови од Кундуз


Во извештаите од северен Авганистан се вели дека талибанските борци заземале делови од главниот град на провинцијата Кундуз, по неколкучасовни борби со безбедносните сили. Провинциската полиција соопштува дека милитантите по нападот заземале голем број на владини згради, вклучително болница и судска зграда. Владините претставници велат на двете страни има жртви и дека во градот се испратени засилувања. Претходно властите соопштија сека 20 Талибанци биле убиени, а загинале и тројца авганистански полицајци.

XS
SM
MD
LG