Достапни линкови

Хрватска ја укина блокадата на границата со Србија


Хрватска денеска ја укина блокадата на границата со Србија, ставајќи крај на еднонеделните гранични спорови меѓу двете земји поради протокот на бегалците. Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека „сите автомобили без разлика на нивните регистрации можат да влезат во Хрватска. Загреб воведе забрана за влегување на српските граѓани, неколку дена откако србија воведа забрана за хрватските камиони да влегуваат во Србија. Кризата започна кога Унгарија ја затвори границата со Србија, оставајќи десетици милиони бегалци во земјата кои почнаа да се движат накај Хрватска и Словенија на пат кон побогатите земји. Но, Хрватска соопшти дека не може да се справи со приливот на бегалците и ја затвори границата со Србија.

XS
SM
MD
LG