Достапни линкови

Претпладне сонце, попладне дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и изолирана појава на град. Дневната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.

Во Скопје температура ќе се искачи до 34 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

XS
SM
MD
LG