Достапни линкови

Над 7000 бегалци пристигнале на Лезбос


Над 7.000 мигранти пристигнаа изминатите три дена на грчкиот остров Лезбос. Повеќето од мигрантите користејќи го убавото време на островот пристигнале со чамци. Од понеделникот вечерта до средата вечерта до бреговите на островот пристигнале над седум илјади мигранти. Според правилата, кои се во сила на островот, бегалците од Сирија се испраќаат во кампот Кара Тале, кој се наоѓа на три километри северно од главниот град на островот, Митилини. Останатите мигранти се испраќаат во другиот камп во Морија.

XS
SM
MD
LG