Достапни линкови

logo-print

Собранието го донесе Законот за Специјалниот обвинител


Со 111 гласа „за“ Собранието на Македонија попладнево го донесе Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.

Собранието ќе го утврди кандидатот за Јавен обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Советот ќе го избере јавниот обвинител на седница на која се присутни најмалку две третини од вкупниот број членови.

Работните групи на политичките партии рано утрово се договориле Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија да биде специјален јавен обвинител, обврска од договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Согласно договорот од Пржино, рокот за избор на специјален јавен обвинител кој ќе ги истражува случаите „Пуч“ и „Прислушување“ истекува денеска. Со изборот на специјален јавен обвинител почитува уште една обврска од договорот за надминување на политичката криза во Македонија.

XS
SM
MD
LG