Достапни линкови

Локални и регионални избори во Русија


Руските граѓани почнаа со гласање на локалните и регионалните избори на кои либералната опозиција претежно е исклучена, а се очекува да доминираат кандидати поддржани од Кремљ. Вкупно 59 милиони луѓе, односно речиси половина од популацијата има право на глас на денешните избори. Изборните власти ги забранија опозициските кандидати за законодавните избори во регионите Калуга, Магадан и Новосибирск со образложение дека не исполнуваат некои техникалии што опозицијата го толкуваше како политички чин за да се исфрлат нејзините кандидати од изборниот процес. Во регионот Кострома, единствената област во која опозицијата обезбеди учество, нивната кампања се соочи со низа препреки од прекинување на нивните говори до партиите формирани за да привлечат опозициски гласови. Руската невладина организација Голос која ги набљудува изборите на национално ниво соопшти дека има регистритано повеќе од 700 изборни измами пред денот на гласањето.

XS
SM
MD
LG