Достапни линкови

logo-print

Азилантите од Балканот назад во своите земји


Европскиот комесар за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос оцени дека создавањето заедничка европска листа на „безбедни“ земји ќе доведе до тоа азилантите од земјите од оваа група што побрзо да вратат во своите домови што ќе ги ослободи капацитетите за оние на кои навистина им е неопходна помош. „Мислам, пред се, на азилантите од Западен Балкан и од Турција, рече Аврамопулос, додавајќи дека една петина, односно околу сто илјади од околу половината милион барања за азил кои се примени годинава, се од граѓани на државите од Западен Балкан. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вчера побара формирање заедничка европска листа на безбедни земји, а меѓу нив ги смести сите формални и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG