Достапни линкови

Кралицата Елизабета најдолго на британскиот трон


Кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора денеска стана британски монарх со најдолг стаж на тронот. Претходно рекордот го држеше нејзината прабаба кралицата Викторија која на престолот беше 63 години и седум месеци. Премиерот Дејвид Камерон изјави дека милиони Британци ќе го прослават овој “историски момент“. „Преку 63 години, Нејзиното Величество е симбол на стабилност во свет на постојани промени“, изјави Камерон. Кралицата ќе го прослави настанот во Шкотска каде што е на одмор со нејзиниот сопруг принцот Филип кој е со неа за време на целото нејзино владеење. 89 годишната кралица го наследи тронот по смртта на нејзиниот татко кралот Џорџ Шести.

XS
SM
MD
LG