Достапни линкови

logo-print

Серија настани во Битола: Шо ми прајте бе во дворо?


ШО МИ ПРАЈТЕ БЕ ВО ДВОРО? е насловена серијата културни настани, која од 8 до 19 септември, ќе се одржи во Мобилната/монтажна галерија на Центарот за современа уметност, која моментално е лоцирана во двор на ул. Томки Димитровски бр.18 во Битола. Претстојните перформанси произлегоа од неколкумесечната (април-август 2015 год.) работа во рамки на проектот „Мобилна култура - солидарни граѓани“ и од концептот на прoграмата на овогодинешното издание на АКТО 10 фестивалот за современа уметност.

Серијата настани со заеднички наслов ШО МИ ПРАЈТЕ БЕ ВО ДВОРО?, што од 8 до 19 септември, ќе се одржи во Мобилната/монтажна галерија на Центарот за современа уметност, ќе започне со самостојната изложба на цртежи на Елена Ѓорѓиевска. Ова е шеста нејзина самостојна изложба и уметницата ќе се претстави со десеттина портрети во различни големини на музичари што нејзе ја инспирирале како Ескимо, ЛЕМБ, Тромбон Шорти, Грегор Трешнер, Мартина Топли Брд и други.

Како дојдов до идејата да претставам портрети на музичари? Во разговор со пријател кога ме праша каква музика слушам можев да се сетам на еден или двајца музичари. Кога размислував за тоа покасно дома се обидов да се преиспитам кои музичари ги слушам спонтано и на тој начин се роди идејата да претставам цела серија на автори кои според мене творат интересна музика.

Во пресрет на постановката Ѓорѓиевска вели дека со портретот интензивно се бави во последниве пет-шест години и дека тој за неа претставува доста интересен момент на изразување бидејќи тогаш се користат најразлични видови на линии и тонски вредности, а притоа се труди да го долови и карактерот на личноста која и оставила посебен впечаток со одредени нејзини квалитети.

„Како дојдов до идејата да претставам портрети на музичари? Во разговор со пријател кога ме праша каква музика слушам можев да се сетам на еден или двајца музичари. Кога размислував за тоа покасно дома се обидов да се преиспитам кои музичари ги слушам спонтано и на тој начин се роди идејата да претставам цела серија на автори кои според мене творат интересна музика.“

Во периодот од 12 до 15 септември, пак, своите фотографии на заедничкото претставување ќе ги изложат Вера Христовска, Маџит Бајрамов, Александар Буневски, Марија Петровска, Весна Тирицовска, Кети Талевска и Симона Калица во рамкте на постановката ќе се случи и работилница за аналогна и дигитална фотографија. За 16 септември е планирана дискусијата со наслов “Улогата на уметникот, културниот и физичкиот работник во време на револуција”, која ќе ја води литванскиот уметник Редас Диржис во соработка со уметничката група ЕЛЕМЕНТИ и за последниот ден се оставени два проекта - „На Битола со љубов, одново“ на Ѓорѓе Јовановиќ и „Спорни места”, изложбата на нашиот Оливер Мусовиќ и корејската уметница Гвијанг Хванг.

Шо ми прајте бе во дворо? е локален битолски кабадајски израз кој има значење кое симболично ја потенцира приватната сопственост на одреден простор/место и ја доведува во врска со значењето и начините на користење на јавен простор за изведба на уметнички настани на граѓани.

Филип Јовановски, еден од иницијаторите и организаторите на АКТО, појаснувајќи зошто серијата настани се случува во дворот на приватна куќа вели дека овде всушност станува збор за продолжение на програмските активности во рамки на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ (Центарот за современи уметности од Скопје) која беше поставена во Битола за време на штотуку завршеното десето издание на фестивалот. Дополнува дека тогаш тие како организатори не добиле можност од страна на Општина Битола за поставување на Галеријата во јавен простор и со самото тоа морале да користат приватни простори за јавни настани и неа ја поставиле во двор на стамбен објект.

„Шо ми прајте бе во дворо? е локален битолски кабадајски израз кој има значење кое симболично ја потенцира приватната сопственост на одреден простор/место и ја доведува во врска со значењето и начините на користење на јавен простор за изведба на уметнички настани на граѓани. Поточно, која е можноста на граѓаните за користење на јавните простори во Република Македонија и како тоа се дефинира во времиња кога се случува нивна насилна (физичка) узурпација, посебно во изминатите пет-шест години? Во таа смисла, прашањето кое го поставуваат настаните кои се изложени во галеријата во рамки на настанот со наслов „Шо ми прајте бе во дворо?“ во Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ се однесуваат на користење на различни практики и постапки во третирањето на оваа тема, односно на врската (влијанието) на современата уметност и активизмот во креирањето на ангажиран однос со јавниот дискурс во еден локален општествен контекст.“

Кон ова само потсетување дека серијата на настани ШО МИ ПРАЈТЕ БЕ ВО ДВОРО? е во организација на Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ како дел од програмските активности на фестивалот за современа уметност АКТО, а по Битола Мобилната/ монтажна галерија на ЦСУ како партнери на настанот ќе патува во Кавадарци и потем се враќа во Скопје.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG