Достапни линкови

logo-print

Русија: Новите центри на НАТО поттикнуваат конфронтација


Русија соопшти дека формирањето на шесте нови центри на НАТО во земјите од источното крило на алијансата, се „храна за вештачки создадената атмосфера на конфронтација“ во односите со Москва. Алијансата соопшти дека новите центри се формирани во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија за да им помогне на земјите во изведувањето на воени вежби и за планирање на воени активности. НАТО ја засилува улогата во источна Европа за да ги одврати потенцијалните агресори и да ги увери совоите сојузниците со оглед на конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG