Достапни линкови

Пожарот на Водно под контрола


Пожарот на Водно кај Теферич што избувна вчера попладне е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Како што изјави командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, се интервенирало веднаш, со 13 цистерни. „Пожарот зафати голема површина, но се уште не можеме да прецизираме колку точно“, рече Менковски. Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 квадратни метри. Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека вчера биле регистрирани пожари и во општините Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево.

XS
SM
MD
LG