Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на партиското седиште е согласно законите


Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на Општина Центар во кое се вели дека општината констатирала оти дел од новата зграда на владеачката партија е изграден без потребни одобренија. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека целата постапка при изградбата на идното партиско седиште се водела крајно транспарентно, преку објави во весници и информирање на јавноста во сите постапки. „Начинот на избирање инвеститор е воден при крајно транспарентна постапка. Сите постапки, процедури, барања и известувања од страна на инвеститорот до општината се доставувани навремено и уредно, со цел да се запазат сите постапки. Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи“, велат од партијата на власт.

XS
SM
MD
LG