Достапни линкови

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија до март 2016


Европската унија ќе ги продолжи санкциите до март идната година против 200 руски фирми, поединци и украински сепаратисти со цел да се задржи притисокот врз Москва за спроведување на мировниот договор од Минск. Одлуката се очекува да биде потврдена на денешниот состанок во Брисел по што до средината на месецов би требало да ја потпишат министрите за надворешни работи. Сегашните санкции истекуваат на 15 септември. Ваквиот потег, според експертите, е уште еден знак дека и покрај политичките разлики во рамките на Унијата околу конфликтот во Украина, нејзините членки се единствени околу потребата да се задржи економскиот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG