Достапни линкови

Во Турција притвор за двајца британски новинари


Турски суд покрена обвинение против двајца британски новинари на „Вајс Њуз“ и против нивниот преведувач за, како што е наведено, „помагање терористичка организација“ и нареди нивно задржување во притвор. Новинарот Џејк Ханрахан и снимателот Филип Пенделбери, како и нивниот ирачки преведувач, биле приведени во минатата недела додека известувале од Дијарбекир, главниот град на курдскиот југоисток на Турција каде што повторно избувнаа судири меѓу безбедносните сили и курдските бунтовници. „Вајс Њуз“ чие седиште е во Њујорк го критикуваше нивното апсење наведувајќи дека обвинението било неосновано и неточно.

XS
SM
MD
LG