Достапни линкови

70 експерти го поддржаа иранскиот нуклеарен договор


Седумдесет експерти потпишаа изјава во која се изразува поддршка за меѓународниот нуклеарен договор постигнат со Иран минатиот месец. Во соопштението издрадено од Асоцијацијата за контрола на оружјето се вели дека договорот меѓу шесте светски сили и Иран со кој се ограничува нуклеарната програма на техеран во замена за солободување од меѓународните санкции е „ефективно верификуван.“ Во изјавата потпишана од неколку поранешни официјални лица на САД и од поранешни претставници на Обединетите Нации за контрола на оружјето, се вели дека договорот исполнува клучни безбедносни цели. Доколку биде почитуван од сите страни, се додава во изјавата, нуклеарниот договор ќе го намали ризикот од дестабилизирање на нуклеарната конкуренција во проблематичниот регион.

XS
SM
MD
LG