Достапни линкови

Во изминатите 24 часа издадени над 1300 потврди на мигранти


Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.374 странски државјани од кои 269 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 21 дете кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија со издадени 1327 потврди, додека останатите се од Ирак – 23, Бангладеж – 19, а другите се во помал број. Во периодот од 19.06.2015 до 18.08.2015 година издадени се потврди на вкупно 38.835 странски државјани, од кои, 26.666 се од машки пол, 5.429 се од женски, 6.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 522 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG