Достапни линкови

ОН ќе утврдува одговорност за хемиски напади во Сирија


Советот за безбедност на ОН.

Советот за безбедност на ОН.

Советот за безбедност на Обединетите Нации едногласно ја одобри резолуцијата со цел да се идентификуваат оние кои се одговорни за употреба на хемиско оружје во нападите во Сирија. Денешното гласање дојде два дена откако американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постигнаа договор за текстот. Резолуцијата повикува на креирање на комисија на ОН, која ќе има задача да утврди кој стои зад смртоносните напади со гас во Сирија, за кои Западот го обвинуваше режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Организацијата за забрана на хемиското оружје има мандат за мисии преку кои ќе се утврдат фактите за тоа дали во Сирија се случиле напади со хемиско оружје.

XS
SM
MD
LG