Достапни линкови

Одреден датумот за судење на рускиот војник-убиец


Поставен е датумот за судењето на рускиот војник осомничен за убиството на ерменското седумчлено семејство. Портпаролот на рускиот 5-ти гарнизон на воениот суд во Ерменија, денеска рече дека 19-годишниот Валериј Пермјаков на 12 август ќе оди на суд. На Пермјаков, кој служеше во руската воена база во северозападниот ерменски град Ѓумри, ќе му биде судено од страна на суд под руска јурисдикција, под обвиненија за дезертерство со оружје, крадење на оружје и муниција и нелегално носење на оружје. По тоа судење, Пермјаков ќе биде предаден на ерменските власти да биде суден за обвиненија за убиство на седум членови на ерменското семејство во Ѓумри. На 12 јануари, членовите на семејството Аветисиан, вклучително и шестмесечно бебе и 2-годишно девејче, беа најдени мртви. Пемјаков подоцна беше пронајден и наводно ги признал убиствата.

XS
SM
MD
LG