Достапни линкови

Годишниот јубилеј ги влошува односите меѓу Хрватска и Србија


Хрватска деенска треба да одржи воена парада во 18 часот по локално време за да ја одбележи 20 годишнината од освојувањето на нејзината независност од поранешна Југославија, која беше предводена од Србија. Во Белград, Србија жалеше за оние што загинаа во хрватската воена офанзива која донесе крај на четиригодишната војна. Парадата и другите прослави се одржуваат во знак на денот на победата во Хрватска. Околу 3000 војници, 300 воени возила и 30 воени авиони е планирано да бидат вклучени во парадата. Но, во соседна Србија 4 август се смета за ден на жалост за скоро 700 етнички Срби кои загинаа во хрватската операција „Бура“ во 1995 година. При воената операција во западна Хрватска беа поразени силите на етничките Срби кои беа поддржани од Белград. Околу 200 илјади Срби од Хрватска избегаа при офанзивата. Многумина од нив не се вратија во нивните домови во и околу градот Книн, кој беше центарот на операцијата. Годинешниот јубилеј со години ги влошува односите меѓу Србија и Хрватска.

XS
SM
MD
LG