Достапни линкови

Пронајдените авионски остатоци пристигнаа во Франција за истражување


Дел од остаток од авионот за кој се смета дека е можно да е од исчезнато летало на Малезија Ерлајнс пристигна во француската воена лабораторија во која ќе биде анализирано од експерти. Околу 2,4 метри долгото парче од крило беше пренесено со конвој од возила со полициска придружба во лабораторијата специјализирана за испитување на авионски несреќи која се наоѓа во близија на Тулуз во југозападна Франција. Експертите ќе проучуваат дали остатокот е дел од Боингот 777 кој исчезна на 8 март 2014 година со 239 луѓе во него на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Остатоците беа пронајдени на островот Реунион во Индискиот океан неделава а во текот на ноќта беа префрлени во Париз. Француските надлежни соопштија дека експертите ќе започнат со истрагата на 5 август.

XS
SM
MD
LG