Достапни линкови

Времето денеска: сончево и многу топло


Во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а дневната од 35 до 42 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

XS
SM
MD
LG