Достапни линкови

ЗНМ - ескалира насилството врз новинарите


Насилството против новинарите во Македонија неделава ескалира и зазема драматични размери. Животот на новинарите сериозно е доведено во прашање, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на прес конференција. Тој вели дека вербалните закани по живот, физичките напади од јавни личности и уништување на приватен имот на новинарите, ескалираа со брутaлен напад врз сопственикот на порталот Доказ, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

„Бараме веднаш да сопре насилството против новинарите и медиумските работници во спротивно насилниците ќе се охрабрат и ќе може да посегнат по нечиј живот. Ние сме убедени дека овие напади се оркестрирани и имаат намера да создаваат страв и несигурност кај новинарите со цел да не ја критикуваат власта“, вели Селмани.

За четири години ЗНМ има регистрирано над 20 закани и физички напади врз новинари, од кои речиси пола се случиле во првите шест месеци од оваа година, а насилниците досега не се казнети.

Од ЗНМ ги повикуваат политичките партии да престанат да ги користат новинарите како топовско месо во нивните меѓусебни бескрупулозни пресметки за власт.

XS
SM
MD
LG