Достапни линкови

Тачи: И ДУИ е одговорна за кризата


Од утре ДПА на плоштадот во Тетово ќе одбројува 229 дена колку што и останува на ДУИ за да ги реши проблемите додека е дел од власта, најави на денешната прес-конференција Мендух Тачи, лидер на ДПА. Тој рече дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не треба да заборави оти и тој како дел од власта е одговорен за политичката криза. На прашањето зошто ДПА се согласила со договор од 15.јули, Тачи со одговор дека тоа е единствениот пократок пат да им се овозможи на Албанците брзо да дојдат во ситуација на гласање против структурата на Ахмети, да ја зајакнат позицијата на ДПА со уверување дека сите барања ќе бидат дел од преговорите за формирање на следна влада. Според Тачи, договорот потпишан на 15. јули е само рамка во која треба да се договорат уште многу работи.

XS
SM
MD
LG