Достапни линкови

logo-print

Почина францускиот возач на Формула 1 Бјанки


Францускиот возач на Формула 1 Жил Бјанки почина синоќа во болницата во Ница каде помина 9 месеци во борб за живот.

Тој возејќи за „Маруси“во октомври минатата година, во трката за јапонското Гран При во Сузука,изгуби контрола на возилото и со голема брзина удри во кран кој се наоѓаше во близина на патеката. Неговото семејство во раните утрински часови, соопшти дека Жил почина.

„.Тој се бореше до крај, како што тоа секогаш го правеше, но денеска ја изгуби битката. Болката која ја чувствуваме не се опишува. Ви благодариме на сите што беа со Жил во последниве неколку месеци,“ се вели во соопштението на семејството на Жил Бјанки.

Французинот во Формула 1 дебитираше во 2013 година и важеше за еден од најталентираните возачи во автомобилизмот.

XS
SM
MD
LG