Достапни линкови

Отфрлено обвинението против градоначалникот на Загреб


Загрепскиот Жупаниски суд денеска го отфрли обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, неговиот соработник Ивица Ловриќ и директорката на „Загрепскиот пазар“, Зденка Палац за проневера на најмалку 308 илјади куни (40.500 евра.)

Хрватската управа за борба против организираниот криминал ги товареше Бандиќ, Ловриќ и Палац дека на здружението „Во име на семејството“ му овозможиле да се стекне со противзаконска корист од најмалку 308.000 куни.

XS
SM
MD
LG