Достапни линкови

logo-print

Осум војници убиени во источна Украина


Осум украински војници се убиени, а 16 повредени во изминатите 24 часа во источна Украина, соопштија украинските власти, велејќи дека проруските бунтовници спровеле еден од најжестоките напади од потпишувањето на мировниот договор во февруари. Според украинските власти ова е уште еден доказ за кршење на договорот и враќање кон воените дејствија. Во меѓувреме бунтовниците ги обвинија украинските владини сили дека ги интензивирале нападите. Сепаратистите велат дека двајца нивни членови и еден цивил се убиени, а седум други се повредени во нападите.

XS
SM
MD
LG