Достапни линкови

Нови жртви во експлозии во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 12 авганистански цивили се убиени во две одделни експлозии покрај пат во источниот и северниот дел на земјата. Шефот на полицијата во провинцијата Каписа, Абдул Карим Фајек денеска изјави дека десет цивили загинале, а најмалку седум се повредени откако нивното возило било погодено од експлозијата. Фајек изјави дека инцидентот се случил вло обласа Тагаб, каде што се активни милитантите и редовно ги напаѓаат безбедносните сили. Тројца цивили загинаа и десет се повредени во експлозија на бомба во северната полиција Кундуз. Портпаролот на полицијата во северната провинција изјави дека експлозијата се случила во близина на авганистански регрутен центар во главниот провинциски град Кундуз. Инцидентот се случил во 8 часот по локално време, откако полициско возило налетало на нагазна мина. Повредените се пренесени во блиската болница. Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG