Достапни линкови

Турција уапсила членови на ИД


Полицијата во Турција уапсила осомничени членови на групата Исламска држава, објавија државните медиуми. Полицијата уапсила 21 човек, меѓу кои имало тројца странци. Странците, чија националност не е наведена, планирале да влезат во Сирија. Полицијата запленила и оружје и муниција, како и електронска опрема и воени униформи во сопственост на групата.

Турција под странски притисок вети поголема соработка во борбата против милитантите во Сирија, а ги засили и напорите да се спречат странски борци кои одат во Сирија да се приклучат на ИД.

XS
SM
MD
LG