Достапни линкови

Груевски - СДСМ и прави штета на економијата


Заев и СДСМ прават директна штета на економијата, а тоа го констатира и ММФ и ја намали проекцијата за планираниот раст на Македонија за годинава од 3,8 на 3,4 отсто, изјави премиерот Никола Груевски во одговор на прашање за време на неговата посета во општина Петровец.

„Од она што го видов од Извештајот на ММФ главната забелешка е зошто се зголемени платите на полицајците. Меѓутоа, нотирано е и дека со подобрената бизнис клима од страна на Владата . Исто така, нотирано е дека политичката криза веќе влијае на економијата и од тие причини проекцијата на ММФ е намалена од 3,8 на 3,4 за оваа година, рече Груевски.

Растот на економијата, како што рече, се уште се очекува да биде висок, но не толку колку што претходно се очекуваше.

XS
SM
MD
LG