Достапни линкови

Еврогрупата утре очекува предлог од Грција


Утре го очекуваме предлогот на Грција, изјави шефот на еврогрупата Јерун Дејселблум. Лидерите од еврозоната денеска одржуваа состанок посветен на Грција. Пред состанокот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. А претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се среќава со шефот на Европската централна банка Марио Драги. Премиерот на Малта, пак на твитер напиша дека Атина нема поднесеноконкретни предлози на состанокот на министрите за финансии од еврозоната, и покрај европската притисок врз Грција за нов план.

XS
SM
MD
LG