Достапни линкови

logo-print

Пет украински војници загинаа во експлозија


Пет украински војници загинале, а три биле повредени во експлозија на мина во источниот дел на Украина. Портпаролот на украинската војска Олександар Мотузјаник изјави дека инцидентот се случил во селото Доњецки, кое се наѓа на 50 километри од градот Луганск, кој е под контрола на проруските бунтовници. Борбите меѓу владините сили и бунтовниците се засилија по примирјето во февруари, но двете страни се обвинуваат меѓусебно за негово прекршување. Според Мотузјаник, ситуацијата во конфликтната зона останува тешка.

XS
SM
MD
LG