Достапни линкови

Убиени 25 членови на Ал Каеда во Сирија


Во експлозија на џамија во сириската покраина Идлиб загинале најмалку 25 припадници на фронтот Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда. Нападот се случил во градот Ариха кога припадниците на групата се собрале во џамијата по повод ифтар, оброк со кој се прекинува постот за време на светиот месец за празникот рамазан. Се уште никој не презема одговорност за нападот, но поддржувачите на фронтот ги обвинија милитантите на Исламската држава кои се борат со групата на неколку фронтови во Сирија.

XS
SM
MD
LG