Достапни линкови

Убиен шефот на Ал Каеда во Пакистан


Шефот на Ал Каеда во Пакистан е меѓу четворицата убиени милитанти во полициската рација во провинцијата Пунџаб во источен Пакистан, соопштија тамошните власти. Провинцискиот министер за внатрешни работи Шуџа Ханзада на денешната прес-конференција го именуваше лидерот на Ал Каеда само како „Абдали“. Во рацијата извршена во куќа во градот Ферозевала на 29 јуни биле ранети двајца милинтати кои се уапсени. Полицијата соопшти дека во операцијата била запленета поголема количина оружје, вклучувајќи автоматски пушки, ракетни лансери и експлозив. Пакистанските власти соопштија дека милитантите вежбале пет месеци во камп на Ал Каеда во Авганистан и оти планирале напади врз канцелариите на пакистанското разузнавање.

XS
SM
MD
LG