Достапни линкови

Ципрас разговарал телефонски со Јункер и со Шулц


Ципрас и Јункер.

Ципрас и Јункер.

Грчката влада денеска одговори на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, изразувајќи сомнеж во неговата искреност, што според владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис е неопходна за преговорите.

Јункер претходно рече дека се чувствува предаден, бидејќи неговите напори не беа земени доволно внимателно од страна на Грција.

Истовремено владата во Атина соопшти дека премиерот Алексис Ципрас разговарал со Јункер по телефон пред изјавата на претседателот на ЕК во Брисел. Ципрас, исто така, разговарал и со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Пред двајцата Ципрас го повторил барањето за продолжување на неколку дена на програмата за помош, што завршува на 30 јуни, до референдумот во недела, со цел да се задржи рамнотежата на банкарскиот систем на Грција.

XS
SM
MD
LG