Достапни линкови

Истополови бракови дозволени на цела територија на САД


Врховниот суд на САД денеска одлучи дека двојките од ист пол имаат право да стапат во брак, каде било во САД. Досега истополовите двојки можеа да стапат во брак во 36 држави и областа Колумбија. Со денешната одлука на Судот и останатите 14 држави ќе мора да престанат да забрануваат истополови бракови. Одлуката е кулминација на две децениските судски спорови околу бракот и правата на хомосексуалците. Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави одлуката на Врховниот суд.
„Денеска е голем чекор на нашиот пат кон еднаквоста. Отсега истополовите парови имаат право да стапат во брак, исто како и сите други“, напиша Обама на Твитер.

XS
SM
MD
LG