Достапни линкови

Ципрас: топката е кај европските власти


Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа по самитот на еврозоната изјави дека сега топката е „во полето на европските власти“, за да може неделава да се постигне спогодбата и Грција да не дојде до банкрот на земјата. На прес конференцијата во Брисел Ципрас рече дека главниот критериум на новите реформи, што Атина им го предложи на нејзините кредитори, е „социјалната праведност“. „Првпат тежината нема да падне врз платите и пензиите. Ги зачувавме пензиите и платите, го зачувавме просечното статистичко семејство, рече тој и истакна дека за првпат тежината ќе падне врз оние кои можат да ја носат“, изјави Ципрас, додавајќи дека новите предлози на Атина биле прифатени од кредиторите „како основа за преговори“. Новите предлози беа поздравени и од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Утре ќе се одржи нова средба на министрите за финансии од еврозоната со надеж дека до четврток, кога е средбата на врвот на ЕУ, ќе има спогодба,

XS
SM
MD
LG