Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија


Министрите за надворешни работи на ЕУ го одобрија продолжувањето на економските санкции за Русија поради нејзината вмешаност во кризата во Украина, за уште шест месеци, односно до крајот на јануари 2016. ЕУ воведе санкции кон Русија пред една година, во јули 2014, како одговор на руската анексија на Крим и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина. Во март, лидерите на ЕУ рекоа дека одлуката за траењето на санкциите ќе зависи од комплетното спроведување на мировниот договор потпишан во Минск во февруари меѓу Украина и проруските сепаратисти. Санкциите влијаат на руските сектори за енергија, финансии и воениот сектор. Портпаролот на Кремљ Димитри Пасков денеска рече дека Русија верува оти санкциите се неосновани.

„Ако зборуваме за санкциите, реципроцитетот е основа на нашето однесување“, рече Пасков. Руските власти велат дека Москва најверојатноќе одговори со продолжување на забрана за увоз на западни продукти.

XS
SM
MD
LG