Достапни линкови

logo-print

Груевски: За мене преговорите во Брисел се неуспешни


Во Брисел не прифативме техничка влада, ниту преодна влада, ниту нешто слично, а тоа што се случуваше беа различни идеи на луѓето кои се обидуваа да ни помогнат, а кои господинот Заев ги одби од прва до последна. Јас тоа не го доживувам како успех.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека по Брисел работите се движеле во позитивен правец.

„Ако за него позитивен правец е да се кочат преговорите, да завршуваат со неуспех и со тоа да се прави штета на Македонија, пред се на македонската економија, на отворањето на нови работни места, на привлекување инвеститори, штета на имиџот на државата, тогаш тоа е своевиден успех што тој го доживува како успех. Јас не го доживувам како успех“, рече Груевски по посетата на градбата на куќата на Татарчеви во Ресен.

Груевски вели дека се надева оту разговорите ќе продолжат на еден или друг начин. А во врска со евентуалните избори, вели дека ВМРО-ДПМНЕ во секој момент е подготвена за изборно соочување.

XS
SM
MD
LG