Достапни линкови

Екс шефот на ММФ ослободен од обвинението


Доминик Штрос Кан

Доминик Штрос Кан

Францускиот суд денеска го ослободи од обвинението поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан. Тој пред четири години беше обвинет дека организирал оргии со проститутки. Штрос Кан пред судот изјави дека таквиот вид на забави биле потребни за релаксација и оти не знаел дека жените кои учествувале во нив биле проститутки. Штрос Кан претходно беше обвинет за сексуален напад од една собарка во хотел во Њујорк, но случајот беше решен надвор од судот.

XS
SM
MD
LG