Достапни линкови

Путин во посета на Италија


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Италија, две недели пред гласањето на ЕУ за тоа дали ќе бидат зголемени економските санкции врз земјата поради кризата во Украина. Путин денеска ќе се сретне со италијанскиот премиер Матео Рензи во Милано, а потоа ќе отпатува за Рим, каде ќе разговара и со претседателот Сергио Матарела и поранешниот премиер Силвио Берлускони. За време на едно дневната посета на земјата Путин е предвидено да оствари средба и со папата Франциско во Ватикан.

XS
SM
MD
LG