Достапни линкови

Папата во посета на Сараево


Папата Франциско в сабота ќе престојува во еднодневна посета на Сараево. Тој за време на обраќањето на олимпискиот стадион Кошево ќе упати порака за мир, ќе повика на соживот и ќе го поддржи екуменскиот и меѓурелигиски дијалог. Се очекува над 50 илјади луѓе да присуствуваат на настанот. Папата изјави дека во Босна доаѓа за католиците, но и за сите други. Тоа е втора посета на еден понтиф на земјата по посетата на Јован Павле Втори на Сараево во 1997 година и на Бања Лука во 2003 година.

XS
SM
MD
LG