Достапни линкови

Воздушни напади против ИД во Ирак и Сирија


Американската војска соопшти дека меѓународната коалиција спровела 18 воздушни напади чија цел биле позициите на милитантите на Исламската држава во 10 ирачки градови, како и четири воздушни напади против екстремистичката група во Сирија. Целта на нападите во Ирак биле згради, борбени позиции, тактички единици, возила и тешко оружје. Во нападите на Сирија биле уништени 6 борбени позиции на милитантите во близина на Ал Хасках.

XS
SM
MD
LG