Достапни линкови

logo-print

Убиени 10 илјади милитанти во Ирак и Сирија


Заменикот на државен секретар на САД Ентони Блинкен

Заменикот на државен секретар на САД Ентони Блинкен

Заменикот на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен изјави дека повеќе од 10 илјади милитанти на Исламската држава биле убиени откако меѓународната коалиција пред девет месеци ја започна воздушната офанзива во Ирак и Сирија. Во интервју за француското Интер радио по средбата на партнерските земји во Париз, Блинкен рече и дека бил направен голем напредок во борбата против милитантите, но екстремистичката група се уште е способна за преземање на иницијатива. Според него, уште не почетокот на офанзивата знаеле дека ќе биде потребно подолго време да се поразат милитантите.

XS
SM
MD
LG