Достапни линкови

logo-print

Оланд и Меркел-Имплементација на примирјето од Минск


Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел го повикаа рускиот претседател Владимир Путин брзо ги имплементира мерките од примирјето за источна Украина постигнато во Минск. Борбите во источна Украина и натаму продолжуваат меѓу владините сили и проруските бунтовници и покрај примирјето. Меркел и Оланд телефонски разговарале со Путин и му порачале дека од него очекуваат конкретни резултати од четирите работните групи кои месецов треба да се справат со политички, безбедносни, економски и хуманитарни прашања.

XS
SM
MD
LG