Достапни линкови

logo-print

Андоновски нов шеф на УБК, Савески на БЈБ


Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Љупчо Андоновски е избран за нов шеф на УБК на местото на Сашо Мијалков, кој поднесе оставка од функцијата, а Горанчо Савески е нов директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, на местото на Митко Чавков. Одлуката за нивното именување беше донесена на денешната владина седница.

Савевски е досегашен началник на Централните полициски служби, а Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање - Скопје. Чавков претходно беше назначен за министер за внатрешни работи, откако и Гордана Јанкулоска поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG