Достапни линкови

ОН ја презема одговорноста за иранскиот хуманитарен брод за Јемен


Претставници на Обединетите нации во пристаништето во Џибути соопштија дека ја преземале одговорноста за помошта товарена во ирански брод упатен кон Јемен. Во бродот има 2500 тони помош во храна која сега ќе биде дистрибуирана преку програмата на ОН за храна. Бродот со помошта беше пренасочен кон Џибути вчера и покрај првичните планови да ја достават помошта директно до пристаниште во Јемен. Силите предводени од Саудиска Арабија побараа сите бродови кои пристигнуваат до јеменскиот брег да престанат да ги снабдуваат со оружје Хути бунтовниците. Саудиска Арабија и нивните сојузници, сунитиските муслимани речиси два месеца спроведуваат воздушни напади во обид да го вратат на власт јеменскиот претседател кој сега е во егзил во Ријад.
Иран пак ги поддржува Хутите но негира дека ги снабдува со оружје.

XS
SM
MD
LG