Достапни линкови

Шведски авиони пресретнале руски бомбардери


Шведската војска соопшти дека нејзини борбени авиони пресретнале два руски бомбардери кои летале во меѓународен воздушен простор над Балтичкото море во близина на границата на земјата. Портпаролот на војската, Џаспер Тенгрох изјави дека авионите летале кон шведскиот остров Оланд, кој се наоѓа во близина на Стокхолм.

Русија ја критикува Шведска за блиските односи со НАТО. Шведска не е членка, но заедно со Алијансата ги започна најголемите поморски вежби во Северното море на почетокот на месецов. НАТО притоа за прв пат ја покани земјата да и се приклучи на организацијата.

XS
SM
MD
LG