Достапни линкови

Лавров-Кризата во Македонија оркестрирана однадвор


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека кризата во Македонија е оркестрирана однадвор и оти тоа навистина ја загрижува неговата земја. Според него, тие се обидуваат да ја обвинат Владата на премиерот Никола Груевски за неспособност и дека не ги исполнува своите обврски. Но, настаните во Македонија, како што наведе тој за време на обраќањето во Горниот дом на рускиот Парламент се поврзани со одбивањето на Владата да се приклучи на санкциите против Русија. ЕУ и САД спроведоа санкции против Русија, поради улогата на земјата во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG